Дома Фудбал Не ни веруваат: Македонија има најмали шанси за пласман на Мундијал!

Не ни веруваат: Македонија има најмали шанси за пласман на Мундијал!

Македонската фудбалска репрезентација утре ја очекува сериозен предизвик во Копенхаген, каде што против Данска ќе го одигра полуфиналето од баражот за пласман на Светското првенство 2026. Нашиот национален тим во овој дуел влегува како атусајдер.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Слична е и проценката на аналитичките модели, односно суперкомпјутерот, кој не ни дава многу големи шанси за успех. Според тие пресметки, шансите Македонија да слави на „Паркен“ се околу 15 проценти, додека веројатноста за пласман на Мундијалот е сведена на само четири проценти, вклучувајќи ги и евентуалните дуели со Чешка или Република Ирска во финалето од баражот.

Сепак, ваквата потценетост не е ништо ново за македонската селекција. Напротив, токму во вакви ситуации нашите фудбалери знаеле да одговорат на најдобар можен начин со борба, карактер и резултати кои ги демантираат сите прогнози. Токму затоа, улогата на аутсајдер може да биде дополнителен мотив плус за тимот на селекторот Гоце Седлоски да покаже дека вреди многу повеќе отколку што се предвидува.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Седлоски избра петмина дебитанти за натпреварите со Босна и Турција!

Селекторот на фудбалскате репрезентација на Македонија, Гоце Седлоски го соопшти списокот …