
Никола Јокиќ одигра уште една брутална партија во дресот на Денвер Нагетс. Српскиот кошаркар го погоди шутот за победа против Финикс Санс (125:123) и запиша нов трипл-дабл учинок.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Додека ЛеБрон Џејмс одамна го носи прекарот ‘Крал’ заради она што Никола Јокиќ го прави на паркетот таа ‘титула’ може лесно да му биде доделена и нему. Човекот е неверојатен.
Минатата ноќ Јокиќ одигра уште една брутална партија во дресот на Денвер Нагетс. Го погоди шутот за победа во Финикс (125:123) и запиша нов трипл-дабл учинок.
Никола го заврши натпреварот со 23 поени, 17 скока и 17 асистенции. Погоди девет шута од 16 обиди и сè е јасно од таквата статистика.
Дискусиите за тоа кој е вистинскиот „крал“ на денешната кошарка повеќе не се табу. ЛеБрон Џејмс испиша книги на кошаркарската историја, но она што Јокиќ го прави последните сезони, заедно со МВП трофеи и шампионскиот прстен, тера сите да ја преиспитаат хиерархијата.
Nikola Jokic pour la victoire à Phoenix !
— Basket-Infos (@Basket_Infos) March 25, 2026
Devin Booker a manqué sa chance derrière ❌ pic.twitter.com/QvJu9w2OIx