
Салах ќе го напушти Анфилд по девет години, каде без сомнеж остави неизбришлива трага и со Ливерпул успеа да освои скоро сè што можеше.
Иако има договор до крајот на наредната сезона, одлучено е дека најдобро е Салах и Ливерпул да се разделат ова лето.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Не е тајна дека Салах има на масата неколку богати понуди од Саудиска Арабија и Америка, а исто така би сакале и некои европски гиганти да го видат Египќанецот во своите редови.
Сепак, многумина сметаат дека е веројатно Салах да замине кон Саудиска Арабија, каде што неколку клуба му нудат вистинско богатство, а најмногу тука се издвојува Ал Итихад.
Поради сите шпекулации кои стартуваа како лавина по потврдата дека Салах ќе ја напушти Ливерпул, мораше да се огласи и неговиот агент Рами Абас.
“Не знаеме уште каде ќе игра Мохамед следната сезона. Тоа значи дека никој не знае каде ќе оди затоа што не донел никаква одлука”, рече Абас и додаде.
“Има доволно време да ги разгледа понудите. Сега му е целто до крајот на сезоната да биде што подобар во дресот на Ливерпул и на најдобар начин да се збогува со овој клуб”.