Дома Фудбал Oфицијално: Антоан Гризман има нов клуб!

Oфицијално: Антоан Гризман има нов клуб!

Францускиот крилен напаѓач Антоан Гризман е нов играч на Орландо Сити, и ќе се приклучи на тимот од МЛС лигата по завршувањето на сезоната во Атлетико Мадрид, во текот на летото.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Гризман потпиша договор кој е важечки до 2028 година, со можност за продолжување до 2029 година.

Со овој трансфер, завршува вториот мандат на Гризман кај „јорганџиите“, а за првпат ќе игра надвор од Шпанија.

Поранешниот член на Реал Сосиедад и Барселона беше дел од француската репрезентација, со која го освои Светското првенство 2018 година во Русија, постигнувајќи 44 голови на 137 натпревари од 2014 до 2024 година.

Гризман стартуваше во младинските екипи на клубот од Сан Себастијан, каде што играше до 2014, пред да се пресели во Атлетико. Во 2019 година премина во Барселона, пропуштајќи ја можноста да стане првак на Шпанија со Атлетико, кој го напушти првпат во 2021 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Aртета откри кој сакаше да го шутне петиот пенал за Арсенал

Микел Aртета на прес-конференцијата по финалето на Лигата на шампионите откри кој сакаше д…