Дома Фудбал Севиља остана без тренер!

Севиља остана без тренер!

Шпанскиот фудбалски прволигаш Севиља ја прекина соработката со аргентинскиот тренер Матијас Алмеида (53), како што соопшти клубот од Андалузија. Одлуката следеше по последниот пораз во лигата од Валенсија (0:2), по што Севиља падна на 15. место во Примера со 31 бод, само три повеќе од зоната за испаѓање.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Алмеида ја презеде Севиља во јуни оваа година и во 32 натпревари оствари само десет победи. Тој ја водеше екипата точно 265 дена. Аргентинецот беше осмиот тренер кој ја предводеше Севиља во последните четири сезони. Тимот го остава на 16. позиција, само три бодови над зоната за испаѓање.

Аргентинецот ја започна својата тренерска кариера во Ривер Плата во 2011 година, а подоцна ги водеше и Банфилд, Гвадалахара, Сан Хозе Ертквејкс, како и атинскиот АЕК од 2022 до 2025 година пред да се приклучи на Севиља.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Проблеми за Реал: Вредноста на Мурињо вчера беше седум, а денес изнесува 15 милиони евра

ЖОЗЕ МУРИЊО постигна договор за враќање во Реал Мадрид на тригодишен договор, но целиот пр…