Дома Останати Кошарка НБА донесе одлука во врска со суспензијата на Дончиќ

НБА донесе одлука во врска со суспензијата на Дончиќ

Суперѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс, Лука Дончиќ, ќе биде подготвен за вечерашниот натпревар против Детроит, откако НБА ја поништи неговата шеснаесетта техничка грешка во сезоната.

Дончиќ и центарот на Орландо Меџик, Гога Битадзе, добија технички грешки со 1:19 преостанато време во третата четвртина од мечот кој на Лејкерс им донесе победа со резултат 105:104. Двајцата играчи разменија остри зборови додека Дончиќ изведуваше слободни фрлања, и разговорот го продолжија на патот кон другата страна од теренот.

НБА во недела соопшти дека техничката грешка на обајцата играчи е поништена. Да беше Дончиќ казнет со шеснаесетта техничка, тоа ќе значеше еден меч суспензија.

Лејкерс се во серија од девет последователни победи, а Дончиќ за време на оваа серија во просек постигнува 40 поени, 8.4 скока и 7.4 асистенции по натпревар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

EСПН: Јокиќ е најдобар во НБА!

Експертите од ЕСПН составија листа на играчи за кои веруваат дека ќе бидат најдобри во пре…