Дома Фудбал ФФМ ги потврди суспензиите на ОФС Кичево и ОФС Охрид

ФФМ ги потврди суспензиите на ОФС Кичево и ОФС Охрид

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска го одржа годишното редовно Собрание на кое беа потврдени суспензиите на ОФС Кичево и ОФС Охрид.

Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ кажа дека по 15 години Статутот на ФФМ е усогласен со УЕФА.

„По 15 години, конечно ставаме крај на еден застарен, нефункционален систем и воведуваме ред. Статут изработен со УЕФА и ФИФА, кој не остава простор за импровизации. Да бидеме искрени, досега не зборувавме за реален фудбал, туку за бројки што не постојат. До последната пре-регистрација биле регистрирани 44.996 фудбалери во машка конкуренција. После пререгистрацијата бројот на машки фудбалери е 14.210. Во следниот период ќе се утврди точната бројка и во женска конкуренција“, кажа Омерагиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мурињо по 3:0: Ла Лига ни одмага, а Расинг се жали за сè

Реал славеше кај Расинг, но Мурињо имаше забелешки за густиот распоред и јасен став за пон…