Дома Фудбал Мегваер стана трагичар, па даде коментар за пеналот и дополнителни го налути навивачите

Мегваер стана трагичар, па даде коментар за пеналот и дополнителни го налути навивачите

Фудбалерите на Борнмут и Манчестер Јунајтед одиграа 2:2 во возбудлив натпревар од 31-то коло на англиската Премиер лига на стадионот Виталити. Гостите два пати водеа, но Борнмут успеа да се врати и со играч повеќе во завршницата да обезбеди бод.

Јунајтед поведе со голот на Бруно Фернандез од пенал, на што одговори Рајан Кристи. Новото водство на гостите го донесе автоголот на Џејмс Хил, а конечниот резултат го постави Џуниор Крупи, исто така од белата точка, по исклучувањето на Хари Мегваер.

Мегваер се огласи на Инстаграм по натпреварот и не го криеше незадоволството од одлуката на судијата: „Премеко, но таков е фудбалот сега и требаше да се прилагодам. Ќе се вратиме по паузата, вашата поддршка беше неверојатна.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Конфликтите го поместија Азискиот куп: турнирот ќе се игра на крајот на 2027 година

Саудиска Арабија ќе го организира Азискиот куп од 23 декември 2027 до 21 јануари 2028 годи…