Дома Фудбал Уште во март го имаме добитникот на „Златната топка“ – и тоа фудбалер кој никој не го очекуваше!?

Уште во март го имаме добитникот на „Златната топка“ – и тоа фудбалер кој никој не го очекуваше!?

Највозбудливиот дел од календарската година во светот на фудбалот е секако борбата за најдобар фудбалер во светот и престижното признание „Златна топка”. Иако е тек месец март, едно име се издвојува како голем фаворит.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Фудбалерот на Реал Мадрид и репрезентативецот на Мароко Брахим Дијаз е првиот фаворит според моменталните проекции на светските медиуми.

Ова се промени откако на Мароко му беше доделена титулата првак на Африка на зелена маса, иако во финалето беа поразени од Сенегал, што несомнено предизвика лавина коментари.

Така, Дијаз има „поени” за континенталната титула, а се очекува да настапи и на Светското првенство со Мароко средната година.

Реал Мадрид е во борба за титулата првак на Шпанија, а Кралевите се и во четвртфиналето на Лигата на шампионите, па Дијаз е во игра за уште трофеи.

Позади Брахим Дијаз на второто место е Ламин Јамал од Барселона, а третопласиран е напаѓачот на Бајерн Хари Кејн.

Секако, ова ќе се менува во текот на годината, особено по завршувањето на Светското првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сака е херојот, Арсенал по 20 години ќе игра финале во Лигата на шампионите! (Видео)

Фудбалерите на Арсенал конечно по две децении обезбедија место во финалето на Лигата на ша…