Дома Останати Кошарка Јокиќ испиша негативна страница во НБА лигата, а Аделман ја кажа причината

Јокиќ испиша негативна страница во НБА лигата, а Аделман ја кажа причината

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ синоќа испиша негативен рекорд во НБА лигата откако при поразот на Денвер Нагетс против Мемфис во Тенеси стана центар со најголем број на натпревари во кои изгубил барем 10 топки.

Јокиќ, првпат уште од ноември 2022 година против Оклахома Тандер, имаше повеќе од 10 изгубени топки, со што стигна до четвртиот натпревар во НБА лигата во кој оствари ваков несакан учинок.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Тоа го направи и на крајот од 2020 година против Сакраменто Кингс, но и три години порано во дуелот против Минесота Тимбервулвс.

Асот на Денвер така се најде на првото место на листата под него каде што се наоѓа ДеМаркус Казинс со три натпревари во кои изгубил барем 10 топки по натпревар.

По две имаат Хаким Олајџувон и Шекил О’Нил, додека по еднаш со оваа негативна статистичка категорија имаат Карл-Ентони Таунс и Жоел Ембиид.

После натпреварот говореше и тренерот на Нагетс Дејвид Аделман, истакнувајќи што би можело да биде причината за ваквата игра на Јокиќ.

„Го опкружуваа, три или четири играчи беа околу него. Играчите не шутираа добро, а имаше и многу изгубени топки во транзиција, но тоа ќе се случува секогаш кога ќе има толку топка во рацете. Очигледно би било добро тоа да се намали, но треба да направиме и тој да биде што помалку вклучен во разигрувањето”, рече Аделман, чиј тим следниот натпревар ќе го одигра во ноќта меѓу петок и сабота против Торонто Репторс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Вакво нешто не се гледа секој ден: Дончиќ и Џејмс синоќа направија чудо (Видео)

Kошаркарите на Лос Анџелес Лејкерси продолжија со неверојатната серија и стигнаа до седмат…