Дома Фудбал Ќе се бара казна за Ливерпул: Напаѓачот на Галатасарај вчера можеше да остане без прст (Фото)

Ќе се бара казна за Ливерпул: Напаѓачот на Галатасарај вчера можеше да остане без прст (Фото)

Ноа Ланг заврши во болница каде му беше извршена операција поради сериозна повреда што ја претрпе, а излегуваат нови информации поврзани со инцидентот.

Ноа Ланг мина низ вистинска драма на „Енфилд“, влегувајќи во игра само на полувремето на осминафиналниот натпревар во Лигата на шампиони меѓу Ливерпул и Галатасарај (4:0), но неговата вечер се заврши на најлош начин.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


По сударот со рекламните панели покрај теренот, холандскиот напаѓач остана да лежи во големи болки, а сцените беа исклучително вознемирувачки. Лекарите му дадоа кислород на теренот пред да го пренесат на носилки.

Набрзо по натпреварот стигна потврда од Галатасарај. Ланг претрпе сериозна исекотина на палецот и мораше да биде опериран, а операцијата била извршена во Ливерпул.

“Нашиот играч Ноа Ланг претрпе сериозна повреда на десниот палец и во следните часови ќе биде подложен на операција,” објави турскиот клуб.

Сепак, целата приказна доби нова димензија!

Турскиот новинар Угур Шенпире објави фотографија од конкретниот дел од рекламниот панел кој, според него, ја предизвикал повредата. Станува збор за преклопен, исклучително остар дел во самата структура, кој во моментот на инцидентот, како што тврди тој, не бил затворен.

“Пред повредата тој дел беше отворен. Многу е остар. Кога Ланг се насочи со голема брзина, се удри со палецот на тоа место. Веднаш по повредата го затворија,” објасни Шенпире.

Се очекува УЕФА да започне истрага за да се открие како дошло до пропустот, а од Турција, сосема разбирливо, бараат строга казна за Ливерпул…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пеп не мирува: Веќе има нова идеја, Манчестер сити може да добие засилување од 100 милиони евра!

Maнчестер Сити сезонава не игра на највисоко ниво, а уште еден удар беше доживеан во вторн…