
НИКОЛА ЈОКИЌ, во поразот на неговиот тим Денвер против Мемфис (125:118), постигна 29 поени, 14 скокови и подели 9 асистенции, но исто така изгуби 10 топки. Ова е најмногу изгубени топки за Јокиќ од ноември 2022 кога играл против Оклахома. Една асистенција му недостигаше за неговиот шести трипл-дабл во последните осум натпревари.
Како Јокиќ дојде до “трипл-дабл”?
Американските медиуми шеговито истакнуваат дека Јокиќ овојпат запиша трипл-дабл, но поради тоа што имаше двоцифрен број изгубени топки. Со тоа, Јокиќ постави негативен рекорд, станувајќи центар со најмногу натпревари во историјата на НБА лигата во кои има двоцифрен број изгубени топки. Погледнете го овој момент ТУКА.
Nikola Jokic now has the most 10+ turnover games by a center in NBA history 😬 pic.twitter.com/UjA9efPFXK
— Real App (@realapp) March 19, 2026