Дома Фудбал Јувентус му верува на тренерот: Спалети блиску до потпишување на нов договор

Јувентус му верува на тренерот: Спалети блиску до потпишување на нов договор

Тренерот на фудбалерите на Јувентус, Лучано Спалети, е блиску до потпишување на нов договор со овој клуб од Торино до јуни 2027 година.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


„Тутоспорт“ пренесува дека Спалети е подготвен да го продолжи договорот до јуни 2027 година, со можност за продолжување на соработката за уште една сезона.

Италијанските медиуми наведуваат дека преговорите за продолжување на соработката започнале пред неколку недели, а двете страни се блиску до договор. Спалети побарал од управата на клубот да има право на глас во одлуките за играчки трансфери.

Спалети (67) го презеде Јувентус кон крајот на октомври минатата година и има договор со клубот од Торино до крајот на сезоната.

Фудбалерите на Јувентус се наоѓаат на петтото место на табелата на Серија А со 53 бодови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдо одговори на провокациите од навивачите на Ал-Ахли (Видео)

Кристијано Роналдо повторно беше во центарот на вниманието, не само поради своите фудбалск…