Дома Фудбал Проблемите на Данците потврдени: Објавен списокот на фудбалери за мундијалскиот бараж со Македонија (Фото)

Проблемите на Данците потврдени: Објавен списокот на фудбалери за мундијалскиот бараж со Македонија (Фото)

Данската репрезентација го дефинираше составот за претстојниот бараж дуел против Македонија, откако селекторот Брајан Ример го скрати списокот на 25 фудбалери за полуфиналната пресметка на патот кон Светското првенство.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Скандинавците во натпреварот влегуваат со јасна цел – победа која ќе ги доближи до настап на Мундијалот, но и со значителен притисок од домашната јавност. Сепак, Ример ќе мора да се справи со неколку кадровски проблеми, бидејќи поради повреди надвор од комбинација се Каспер Шмајхел, Патрик Доргу и Андреас Кристенсен.

Дополнителен хендикеп за Данците е и отсуството на Јоаким Андерсен, кој поради жолти картони нема да може да настапи против Македонија, иако е вклучен во списокот.

И покрај проблемите, главната улога во тимот повторно се очекува да ја има Кристијан Ериксен како лидер на средниот ред, додека во офанзивата најголема закана треба да биде Расмус Хојлунд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Седлоски избра петмина дебитанти за натпреварите со Босна и Турција!

Селекторот на фудбалскате репрезентација на Македонија, Гоце Седлоски го соопшти списокот …