
Паоло Ди Канио остро го критикуваше Милан по неделниот пораз со 1:0 од Лацио во Серија А, оценувајќи дека станува збор за тим без личност од кој се издвојува само еден играч, Лука Модриќ. По тоа што Интер во саботата одигра 1:1 против Аталанта, Милан имаше шанса да се приближи до водечките на пет поени, но сега, девет кола пред крајот на сезоната, заостанува тешко достижни осум поени.
Иако победата во дербито против Интер минатиот викенд разбуди надеж во можната борба за титулата, многумина сметаат дека со поразот од Лацио тие надежи се изгасени. Гостувајќи во емисијата „Скај Калчо Клуб“, Ди Канио го опиша тимот на Масимилијано Алегри како екипа на која и недостига карактер. Особено го критикуваше Рафаел Леao, истакнувајќи дека Лука Модриќ можеби е единствениот играч на клубот кој треба да биде изземен од критики по поразот на стадионот Олимпико.
Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст
„Милан секогаш се мачел против тимови кои се дури и помалку талентирани од Лацио, особено кога мора сам да создава игра. Леао се шета по теренот и нуди решение само во контранапад. Не можете да имате играч кој 70 минути шета додека другите се жртвуваат, а потоа се лути бидејќи не му ја додаваат топката. Алегри мора да го реши тоа”, рече Ди Канио.
„Милан е тим без карактер. Да го оставиме Модриќ на страна, тој ме воодушеви. Но, Де Винтер, Леао, Пулишиќ, кој игра во нападот и не му ја прфрла топката, такви се тие типови. Тоа е тим без никакво карактер”, додаде тој.