Дома Фудбал Ѕвездата на Ливерпул револтиран со соиграчите: Разбудете се или ќе играме во Конференциската лига

Ѕвездата на Ливерпул револтиран со соиграчите: Разбудете се или ќе играме во Конференциската лига

ДОМИНИК СОБОСЛАИ испрати порака до своите соиграчи од Ливерпул да се “разбудат” откако тимот повторно загуби бодови во последните моменти од натпреварот, овој пат против Тотенхем. Иако унгарскиот играч за врска го доведе својот тим во водство, голот на Ричарлисон во 90. минута им донесе бод на Спарс и предизвика остра реакција од Собослаи, кој предупреди дека Ливерпул со оваа игра треба да ги заборави амбициите за Лига на шампионите.

Изгледаше дека Ливерпул во неделата ќе ги освои сите три бода, откако Собослаи постигна гол во 18. минута од слободен удар. Но, Црвените беа израмнети во 90. минута кога поранешниот напаѓач на Евертон, Ричарлисон, постигна за 1:1.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Примањето голови во последните моменти прерасна во болна навика за тимот под водство на Арне Слот, а голот на Бразилецот беше веќе осми што Ливерпул го прими во 90. минута или подоцна оваа сезона во Премиер лигата. Со тоа го срушија својот негативен рекорд од седум такви голови во сезоната 2010/11.

По натпреварот, унгарскиот репрезентативец не ја криеше својата фрустрација. На прашањето дали резултатот е големо разочарување, за Sky Sport. “Пак во последната минута, не знам по кој пат се случува ова сезонава. Не знам што да кажам. Мораме да се разбудиме.”

Собослаи предупреди дека ваквите резултати можат скапо да ги чинат амбициите на Ливерпул за најелитното европско натпреварување. “Треба конечно да се разбудиме бидејќи остануваат осум-девет натпревари, а ако продолжи вака, следната сезона може да бидеме среќни ако играме во Конференциската лига”, заклучи тој.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фернандеш го надмина легендарниот Бекам и влезе во историјата, но каде ќе игра следната сезона?

Бруно Фернандеш повторно е херој на Манчестер Јунајтед. Иако не постигна гол, пак запиша д…