Дома Топ вести Пропаднаа преговорите помеѓу Челзи и Куртоа, причината – Давид Де Геа!

Пропаднаа преговорите помеѓу Челзи и Куртоа, причината – Давид Де Геа!

Тибо Куртоа не се откажува од своите барања, причината е Давид Де Геа!

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Преговорите помеѓу Челзи и Куртоа пропаднаа, имено Белгиецот не се откажува од своите барања кои клубот нема намера да ги исполни. Имено, тој бара да биде изедначен со примањата на голманот на Манчестер Јунајтед.

Куртоа заработува „само“ 100.000 фунти неделно, но сега бара двојно повеќе со што би се изедначил со Давид Де Геа кој добива 200.000 фунти неделно.

Челзи не сака да попушти, Куртоа не сака да го продолжи договорот, па поради тоа се почести се шпекулациите дека би можел да биде продаден на лето. Се споменува ПСЖ, но и Реал Мадрид. „Сините“ во тој случај би довеле Шпанецот Кеп од Билбао или пак би се обиделе со Донарума од Милан, но тој е тешка мета.

Денес Челзи гостува кај тимот на Карабах, победа би значела сигурен пласман во топ 16, а доколку Атлетико не слави против Рома, тогаш и со реми тимот на Антонио Конте ќе се пласира во топ 16 фазата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…