Дома Останати Кошарка Јокиќ запиша историја како прв човек на кој му успеало ова, рекордот е зачудувачки (Видео)

Јокиќ запиша историја како прв човек на кој му успеало ова, рекордот е зачудувачки (Видео)

Никола Јокиќ уште еднаш покажа зошто важи за еден од најдобрите играчи на денешницата. Во победата на Денвер Нагетс над Хјустон Рокетс со 129:93, српскиот центар го запиша својот 25. трипл-дабл во сезоната, со што стана првиот играч во историјата на НБА со четири последователни сезони со над 25 трипл-даблови. НБА лигата веднаш реагираше и истакна колку е овој рекорд исклучителен и единствен во историјата на кошарката.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Освен историскиот трипл-дабл, Јокиќ одигра маестрален натпревар, завршувајќи со 16 поени, 12 скокови, 13 асистенции и 5 украдени топки, уште еднаш покажувајќи ја својата комплетна игра и способноста да ги менува тековите на натпреварите.

Интересно, по новиот рекорд на Србинот, реагираше и НБА лигата на социјалните мрежи. Со опис на големиот рекорд, поставиле и симбол на Џокера.

– Историја за Јокиќ во вечерашната победа, Никола Јокиќ го постигна својот 25-ти трипл-дабл во сезоната. Сега има четири последователни сезони со над 25 трипл-даблови, со што стана првиот играч во историјата на НБА кој ја достигнал оваа граница – напишаа тие.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Вембанјама исфрлен од натпревар: Збесна, па жестоко удри со лакт во лицето на противникот (Видео)

Кошаркарите на Минесота ги совладаа Сан Антонио Спарс со 114:109 пред своите навивачи и из…