Дома Фудбал Трамп даде „зелено светло“: Иран може на Светското првенство во САД

Трамп даде „зелено светло“: Иран може на Светското првенство во САД

Џани Инфантино, претседателот на ФИФА, изјави дека Доналд Трамп, претседателот на САД, потврдил дека репрезентацијата на Иран е добредојдена да учествува на Светското првенство 2026, и покрај сегашните тензии.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Инфантино рече дека во среда се сретнал со Трамп и дека за време на разговорот станало збор за учеството на Иран на турнирот кој ќе се одржи во САД, Канада и Мексико, пренесе бриселскиот “Политико”.

Според неговите зборови, Трамп нагласил дека иранскиот тим “се разбира, е добредојден” да се натпреварува.

Иран веќе се квалификуваше за Светското првенство 2026 и се очекува да одигра три натпревари во групната фаза меѓу Лос Анџелес и Сиетл, но неговото учество во последните недели беше доведено во прашање поради ескалацијата на конфликтот меѓу САД и Иран.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Избегната е голема несреќа во срцето на Европа: Натпреварот мораше да биде прекинат (Видео)

Пријателскиот натпревар меѓу Унгарија и Казахстан, одигран во Дебрецен, остана во сенка на…