Дома Фудбал Ѕвезда на Манчестер Сити во проблеми: Соседот го пријави во полиција и откри зошто (Фото)

Ѕвезда на Манчестер Сити во проблеми: Соседот го пријави во полиција и откри зошто (Фото)

Фудбалерот на Манчестер Сити, Родри, се најде во центарот на вниманието на јавноста во Англија откако се појави информација дека комшиите го пријавиле во полиција, а сега е познато и зошто.

Родри ја пропушти речиси целата мината сезона поради повреда и тоа откако беше прогласен за најдобар играч во светот, и ја освои Златната топка.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Оваа сезона, шпанскиот играч од средината успеа да се врати на сцената, но јасно е дека сè уште не ја достигнал формата во која беше пред сериозната повреда на коленото.

Додека се обидува на теренот да ја пронајде старата форма, Родри беше зафатен со проблеми и во приватниот живот.

Англиските медиуми од вчера пишуваат дека Родри има проблеми со законот и дека е пријавен во полицијата во Манчестер.

„Сан“ објави дека Родриевите комшии решиле да го пријават ѕвездата на Манчестер Сити, а еден од нив јавно објасни зошто го направиле тоа.

Родри е пријавен дека ја нарушува приватноста на своите комшии затоа што без дозвола користи дрон за снимање околу зградата каде живее.

„Живеам со сопругата на последниот кат од зградата и последно што очекувате додека гледате ТВ е дрон еден метар до вашиот прозорец”, рече еден од комшиите на Родри и додаде.

„Мојата сопруга е многу лута поради тоа. Една од предностите кога живеете на последниот кат е што другите не можат да ве гледаат и следат секој ваш потег, но таа приватност сега е нарушена од страна на Родри и неговиот дрон”.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Moже ли да се случи шок пред Мундијалот? Во Франција загрижен поради Мбапе

Реал Мадрид памети подобрите времиња. Вчера мадридскиот клуб запиша уште еден неуспех, зав…