Дома Фудбал Казна за Родри од Премиер лигата

Казна за Родри од Премиер лигата

Фудбалерот на Манчестер Сити, Родри, доби парична казна во износ од 80 илјади фунти (околу 92 илјади евра) поради критики на адреса на судиите. Овие изјави ги даде по ремито 2:2 против Тотенхем, каде што фудбалерот сугерираше дека постои заговор против “Граѓаните”.

Англиската фудбалска асоцијација го оцени Родри како неумерен во изјавата после натпреварот, бидејќи неговите коментари доведуваат во прашање непристрасноста и/или интегритетот на судиите, што е спротивно на прописите на оваа институција.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Основата за казната беа зборовите на шпанскиот репрезентативец, кој беше незадоволен од судењето, бидејќи Манчестер Сити ја загуби предноста од два гола против Спарс.

– Не сакаат да победиме, а судијата мора да биде неутрален. Очигледно беше дека има фаул во првата акција. Очигледно го удри, а ВАР постои со причина. Овие мали моменти ја прават разликата. Да не го постигнеа тој прв гол, можеби ќе ја добиевме играта – изјави играчот, додавајќи:

– Никогаш не коментирам за судиите затоа што имам големо почитување кон нивната работа, но не е само сега, туку тоа се случува две или три натпревари по ред. Искрено, не знам зошто. Победивме многу и луѓето не сакаат да победуваме, но судијата мора да биде неутрален. Не е фер бидејќи многу работиме и тоа е многу фрустрирачки – додаде тој, со забелешка дека е “невозможно” да се разговара со судиите.

Според дисциплинската комисија на ФА, Родри ја призна вината пред регулаторната комисија, која, покрај паричната казна, издаде и предупредување за неговото идно однесување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Moже ли да се случи шок пред Мундијалот? Во Франција загрижен поради Мбапе

Реал Мадрид памети подобрите времиња. Вчера мадридскиот клуб запиша уште еден неуспех, зав…