Дома Фудбал Вардар го доби дербито во Кратово и ја зголеми предноста, Брера ја шокираше Шкендија во 95. минута! (Видео)

Вардар го доби дербито во Кратово и ја зголеми предноста, Брера ја шокираше Шкендија во 95. минута! (Видео)

Во рамките на 22. коло од Првата македонска фудбалска лига, Вардар славеше минимална победа од 1-0 на гостувањето кај Силекс во Кратово и направи важен чекор во трката за врвот на табелата.

„Црвено-црните“ од самиот почеток влегоа офанзивно и создадоа неколку шанси пред голот на Џеков, но во раната фаза недостасуваше завршницата. Се играше 26-тата минута кога напаѓачот Дарко Додев заработи црвен картон.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Набрзо потоа следуваа тензии и покрај аут-линијата. Поради бурни реакции кон судијата, тренерот на домашниот тим Александар Васоски беше испратен на трибините.

Одлучувачкиот момент се случи во финишот на првото полувреме. Во 43. минута Цветковиќ ја затресе мрежата и го постигна својот четврти гол откако пристигна во Вардар во јануари.

Во продолжението од натпреварот темпото значително опадна и немаше многу возбудувања пред двата гола, па Вардар без поголеми проблеми го зачува минималното водство до крајот.

Во исто време во Тетово се одигра драматичен натпревар меѓу Шкендија и Брера. Домашниот тим, иако рано остана со играч помалку по исклучувањето на Фетаи, успеа да поведе во 33. минута преку Красниќи. Сепак, Брера се избори за бод во самиот финиш во 95. минута Виктор Велковски погоди за конечни 1-1.

По ова коло Вардар останува лидер на табелата со 55 бодови, додека Шкендија е втора со три помалку, односно 52.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мурињо лут: Порано ми се поклонуваа, сега ме викаат предавник

Teнзично беше големото дерби дуелот меѓу, Бенфика и Порто, кој заврши нерешено 2:2. Тренер…