Дома Останати Ракомет Хит во Германија: Навивачи украдоа кабли, судијата не можеше да гледа ВАР (Видео)

Хит во Германија: Навивачи украдоа кабли, судијата не можеше да гледа ВАР (Видео)

Двајца маскирани хулигани украле ВАР кабли за време на натпреварот од 2. Бундеслига во Германија помеѓу екипите на Мунстер и Херта (1:2).

ВАР системот, иако предизвикува нервирање кај многу фудбалски навивачи, донесе знатно намалување на судиските грешки. Но, сцената што вчера ја гледавме во Германија, навистина беше нешто невообичаено.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Навивачите на Мунстер приредија неверојатна случка. Тие предизвикаа технички проблем со тоа што ги украдоа каблите поврзани со ВАР системот, така што судијата не можеше да ја прегледа спорната ситуација.

Судијата тргна кон ВАР мониторот за да ја разгледа можната пенал ситуација за гостинскиот тим Херта, но маскирани хулигани од домашната екипа ги украдоа каблите, отежнувајќи му го прегледот на сцената.

Сепак, украдените кабли не ја спасијаа домашната екипа. Во таква ситуација, судијата се потпре на видео снимките од ВАР собата, каде што судиите проценија дека има пенал. Ударот од единаесет метри беше досуден, и на тој начин Херта го постигна првиот гол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Убав ден за Вардар – потпишан е најголемиот спонзорски договор во историјата на клубот!

РК Вардар и Касино Аустрија Интернешанал Македонија на заедничка прес-конференција официја…