Дома Фудбал Нисколигаш создаде проблемите на Арсенал: Артета загуби два важни играчи?

Нисколигаш создаде проблемите на Арсенал: Артета загуби два важни играчи?

Во петтото коло од англискиот ФА куп Арсенал беше гостин кај нижелигашот Мансфилд и победи со 2:1, но со големи проблеми за Мајкел Артета пред претстојниот натпревар во Лигата на шампионите.

Арсенал оваа сезона се бори на сите фронтови, но примарната цел е Премиер лигата, потоа Лигата на шампионите, а потоа и куп натпреварите.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


На гостувањето кај Мансфилд, Мајкел Артета очекувано ја измеша екипата, давајќи шанса на играчите кои поретко играат, но и на некои кои се многу важни за составот.

Арсенал ја исполни својата цел и се пласираше во четвртфиналето на Купот, но Артета си доби главоболка поради новите повреди.

Леонард Тросард се повреди во првиот дел, па го замени Хинкапије во 38. минута, а потоа во вториот дел, стоперот Калафиори беше заменет поради повреда.

За сега не е познат степенот на повредите, но неизвесни се настапите на обајцата во првиот дуел од осминафиналето на Лигата на шампионите против Бајер Леверкузен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул го обнови договорот со еден од најважните играчи

Ливерпул потпиша нов договор со Рајан Гравенберх. Холанѓанецот се обврза до 2032 година и …