Дома Фудбал Тежок удар за италијанскиот гигант: Дибала се здоби со тешка повреда – познато колку ќе паузира

Тежок удар за италијанскиот гигант: Дибала се здоби со тешка повреда – познато колку ќе паузира

Рома, четвртопласираниот клуб од италијанската лига, ќе остане месец и половина без својот аргентински напаѓач Пауло Дибала кој се повреди на коленото.

Според пишувањето на „Газета дело Спорт” и „Скај Спортс“, во петокот Дибала беше опериран во Рим откако претрпе целосна надолжна руптура на латералниот менискус.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Светскиот шампион со Аргентина во 2022 година мораше да го прекине тренингот во четвртокот, бидејќи првично се мислеше дека се работи за мускулна замореност.

Се проценува дека неговото закрепнување ќе трае 45 дена, поради што ќе пропушти седум натпревари во Серија А и натпреварот од осминафиналето на Лига Европа против Болоња.

Дибала постигна само два гола во Серија А оваа сезона во 17 настапи.

Рома, четврта на табелата со 16 бода заостанување зад водечкиот Интер, но само два бода позади Наполи (третопласираниот), игра против Џенова во недела во 28. коло.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Коби Мејну се договори со Манчестер Јунајтед

Играчот за врска на Манчестер Јунајтед Коби Мејну постигнал договор за продолжување на сор…