
Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, ја освои пол позицијата пред Големата награда на Австралија, со која започнува овогодинешното првенство во Формула 1.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Расел ја освои најдобрата стартна позиција на „Алберт Парк“ со круг од 1:18.518 минути и стана првиот возач кој се радуваше на квалификациите во новата ера. Најблиску до Расел беше неговиот тимски колега Кими Антонели, кој заостана 293 илјадити делови од секундата зад Британецот, и тоа откако го уништи болидот на третиот тренинг.
Најдобар меѓу останатите беше Исак Хаџара во болидот на Ред Бул, кој беше дури осум десетинки поспор од Расел.
Квалификациите ги обележа и инцидент на самиот почеток, кога Макс Ферстапен излета од патеката и на првата трка од сезоната ќе стартува од 20. позиција.
Max Verstappen is OUT of Qualifying, with no time set! 😳
— Formula 1 (@F1) March 7, 2026
This is the moment where the Red Bull driver spins into the wall at Turn 1 👇#F1 #AusGP pic.twitter.com/M2XKoapEMl