Дома Фудбал Роналдо сепак ја напушта Саудиска Арабија, но не поради безбедносни причини.

Роналдо сепак ја напушта Саудиска Арабија, но не поради безбедносни причини.

Фудбалерот на Ал Наср Кристијано Роналдо здоби повреда на тетивата во последниот одигран натпревар на овој тим.

Ал Наср победи на гостувањето против тимот Ал Фајха со резултат 3:1, но повредата на Португалецот на споменатиот натпревар, на почетокот не изгледаше од посериозна природа.

Сепак, се покажа дека ќе биде неопходно Роналдо да отпатува во Мадрид за да го реши овој проблем.

Веќе се шпекулираше дека голгетерот ја напуштил Саудиска Арабија поради безбедносни причини, поради воените случувања на Блискиот Исток, откако беше објавено дека неговиот приватен авион ја напуштил оваа земја во понеделникот.

Подоцна беше потврдено дека Роналдо не ја напуштил Саудиска Арабија, и следниот ден беше виден во тренинг-кампот на Ал Наср, но сега тренерот на овој тим потврди дека познатиот фудбалер ќе ја напушти земјата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нов шок за ѕвездата на Барселона: Со солзи го напушти теренот поради повреда (Видео)

Барселона со победа од 3:1 во Севиља го продолжи својот совршен старт на сезоната, но натп…