
Фудбалерите на Реал Мадрид во петок патуваат во Виго на пресметка со Селта, а Алваро Арбелоа се соочува со бројни кадровски проблеми.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Како што стана јасно оваа недела, Родриго ги повреди лигаментите на коленото, најлоша можна повреда која ќе го држи надвор од терените меѓу 10 и 12 месеци. Од претходно, повредени се Џуд Белингем, Килијан Мбапе и Дани Себаљос, а на нивната листа сега се придружува и Давид Алаба. Дин Хаусен, Алваро Карерас и Франко Мастантуоно се под суспензија.
“Алаба нема да биде подготвен, но Асенсио би можел да се врати. Ако и тој не успее, имаме на располагање млади играчи како Диего Агвадо и Ламини Фати од вториот тим, во кои имам голема доверба. Нашиот тим од младинската категорoja е полн со играчи на исто годиште со Мастантуоно и Хаусен, веќе со години играа за Кастиља. Се сеќавам кога го донесовме Винисиус како млад играч и му верувавме, и покрај сите приказни околу него, сега гледате каде е. Ние мора да имаме трпение. Реал Мадрид е најголемиот клуб на светот и не е за секого, затоа мора да ги заштитиме и поддржуваме нашите млади таленти кои знаат што значи Реал Мадрид,” изјави Арбелоа.
Тој не се откажува од борбата за титулата.
“Барселона е пред нас со четири, а не осумнаесет поени. Сè додека сме математички во игра, ќе се бориме за титулата. Сепак, на играчите им реков да не гледаат на табелата, туку да се концентрираат на Селта, која е најважниот натпревар за нас во моментов. И јас не размислувам за ниту еден друг противник,” нагласи Арбелоа.
Натпреварот меѓу Селта и Реал Мадрид е закажан за петок во 21:00 часот, а потоа следи првиот дуел со Манчестер Сити, во среда во истиот термин.