Дома Фудбал На изненадување: Освои две големи титули, победи со 8:0 и доби – отказ!

На изненадување: Освои две големи титули, победи со 8:0 и доби – отказ!

Фламенго, бразилскиот фудбалски гигант, направи чекор кој го разбесни фудбалскиот свет. Тие неочекувано одлучија да го отстранат тренерот Фелипе Луис, и тоа откако со триумф над тимот на Мадуреира (8:0) обезбедија пласман во финалето на шампионатот Кариока.

Поранешниот бразилски фудбалер, кој како играч настапуваше за Атлетико Мадрид, Челси, Ајакс и Реал Мадрид, не успеа да го задржи своето работно место и покрај овој успех. Лошиот старт на сезоната за тимот од Рио де Жанеиро во последната деценија му донесе крај – поразите од Коринтијанс во Суперкупот на Бразил и изненадувачкиот пораз на Маракана од Ланус во финалето на Рекопата Судамерикана се покажаа како фатални за Фелипе Луис.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Сепак, ништо од ова не би било невообичаено, ако само пред тоа не освоил две од најпрестижните титули во бразилскиот фудбал.. Но, ниту тоа не беше доволно за да остане…

Фламенго ја информира јавноста дека Фелипе Луис повеќе нема да биде на чело на првиот тим. Помошник-тренерот Иван Паланко и кондициониот тренер Диого Линарес исто така го напуштаат клубот. Фламенго му изразува благодарност на поранешниот играч и тренер Фелипе Луис за сè што постигна и сподели со нас во овој период. Клубот му посакува успех и среќа во понатамошната професионална кариера – ФК Фламенго

За Фелипе Луис, Фламенго беше прва професионална тренерска работа, по завршувањето на неговата играчка кариера во 2003 година токму во дресот на овој клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Човекот од 100 милиони му кажа „не“ на Реал Мадрид: Би било глупаво да го направам тоа

Реал Мадрид остана без планираното засилување за летниот преоден рок. Португалецот Витиња …