Дома Фудбал Моуринјо го прашаа дали би се вратил во Реал: Мислите дека сум глупав?

Моуринјо го прашаа дали би се вратил во Реал: Мислите дека сум глупав?

Тренерот на Бенфика, славниот Португалец Жозе Мурињо, одржа прес-конференција, прва откако испадна од Реал Мадрид во Лигата на шампионите. Мурињо доби прашање од новинарите, меѓу другите, дали би се вратил во Реал Мадрид, кој го водеше од 2010 до 2013 година.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„По проблемите со Реал, рековте дека сум пропуштил шанса за враќање. Ме прашавте дали е можно да се каже ‘не’, а јас реков дека е можно. Мислите ли дека би можел да му кажам ‘не’ на Флорентино доколку сакав да се вратам во Реал Мадрид?“ праша Мурињо. 

„Имам многу маани, но мислите дека сум глупав? Бев објективен кога реков дека сакам да останам. Едноставно не сакавте да ја разберете мојата објективност. Јас бев тој што даде на знаење дека сакам да останам, но вие тоа не го сфативте“, им порача на медиумите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Меси: Ова е подарок за народот и за Марадона, а за мене тој е најголем

Фудбалската репрезентација на Аргентина успеа да се пласира во финалето на Светското првен…