Дома Бокс Meси даде гол од слободен удар – само тројца фудбалери погодувале повеќе пати од него од прекин! (Видео)

Meси даде гол од слободен удар – само тројца фудбалери погодувале повеќе пати од него од прекин! (Видео)

Аргентинскиот ас и фудбалски “ГОАТ” Лионел Меси продолжува да ја фасцинира публиката и на своите позрели години. Тој беше апсолутен херој на Интер Мајами на нивното гостување против Орландо.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Екипата од Флорида успеа да издвои победа со резултат 4:2, благодарение на извонредната игра на Меси, кој постигна два гола и беше несомнено најдобриот играч на натпреварот.

Еден од двата негови гола беше постигнат од слободен удар.

Според информациите на Фабрицио Романо, Лионел Меси е четврти во фудбалската историја по бројот на постигнати голови од слободни удари.

Вкупната бројка на неговите голови од слободен удар во кариерата изнесува 70.

Над него се наоѓаат тројца Бразилци. Трет на листата е Жунињо со 72 гола од слободни удари, втор е Роберто Динамита со 75, а прв е Марселиньо Кариока со 78 голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Бокс

Проверете

Рико Верхувен го имаше во рака Олександр Усик, а потоа се случува 11. рунда за која ќе зборува светот (Видео)

Олександр Усик го одбрани светскиот шампионски појас во тешка категорија според ВБЦ-верзиј…