
Поранешниот италијански репрезентативец и поранешен фудбалер на Интер, Торино и Монца, Данило Д’Амброзио, моментално е заглавен во Дубаи откако градот беше погоден од напад со дронови.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Според информациите од Италија, неколку проектили ги погодиле луксузните хотели во градот во Обединетите Арапски Емирати, а ситуацијата драстично се влошила преку ноќ. Д’Амброзио требаше денес да отпатува назад во Италија, но аеродромот е затворен и во моментов нема можност за враќање.
Д’Амброзио телефонски се вклучи во програмата на „Скај Спорт“ и ги опиша загрижувачките моменти кои ги преживеа со семејството.
„Побегнавме во куќа на пријател, бидејќи ни советуваа да не остануваме во одредени објекти. До пред неколку часа состојбата беше прилично мирна, а потоа дојде алармот и се спуштивме во подрумот. Требаше да тргнеме утре, но аеродромот е затворен. Нема целосна паника, веќе неколку часови сме во овој подрум, но дефинитивно не е лесна ситуација, особено за оние кои не се навикнати на вакви околности”, рече Д’Амброзио.