Дома Останати Кошарка Драма: Бомбардирањето на Абу Даби прекина кошаркарски натпревар! (Видео)

Драма: Бомбардирањето на Абу Даби прекина кошаркарски натпревар! (Видео)

Квалификацискиот турнир за натпреварувањето NextGen во рамките на Евролигата беше прекинат поради нападот на Иран на Абу Даби.

Абу Даби е домаќин на турнирот за младинци, а во него учествуваат тимови до 18 години: Реал Мадрид, Жалгирис, Арис, Монако, Дубаи, Абу Даби, Лондон Лајонс и Валенсија.

Во тек беше натпреварот помеѓу Монако и Арис, кој беше прекинат по што Иран изврши напад на американски воени бази на Блискиот Исток, вклучувајќи и една во Абу Даби.

Евролигата брзо го издаде следното соопштение:

„Евролигата и домаќинот активно ја проценуваат ситуацијата, а дополнителни информации ќе бидат објавени навремено“, стои во нивното соопштение.

Драматичното видео можете да го погледнете подолу:

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Денвер го „продаде“ Јокиќ, Србин оди кај Дончиќ во Лејкерс?

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ би можел да му се придружи на Лука Дончиќ во Лос Анџелес Ле…