Дома Останати Кошарка Хаос во НБА: Јокиќ збесна и се „грабна“ со ривал за врат (Видео)

Хаос во НБА: Јокиќ збесна и се „грабна“ со ривал за врат (Видео)

Кошаркарите на Денвер беа поразени од Оклахома, но натпреварот го одбележија валканите потези на играчите на Тандер врз Никола Јокиќ.

Во последната четвртина, кога драмата достигнуваше врв, Лу Дорт по еден напад го фрли колкот и го удри српскиот центар, кој заврши на паркетот.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Јокиќ веднаш стана и тргна во пресметка со Канаѓанецот, а во одбрана застана Џејлин Вилијамс и започна влечење за дресовите. Во погледот на сомборецот се виде бес и колку е спремен да го реши проблемот до крај.

Дорт беше исклучен, српската ѕвезда и Вилијамс добија по техничка грешка и драмата можеше да продолжи.

Пред тоа, видовме и неспортски потег на Шеј Гилџус-Александер, кој го започна натпреварот со неспортска грешка, затоа што го гаѓаше Јокиќ со топката.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Заврши лигашкиот дел во НБА: Ова се паровите за нокаут фазата!

Со завршувањето на 82-то коло во најсилната кошаркарска лига НБА, веќе се познати сите пар…