Нов случај со наместени натпревари денес се појави во фудбалскиот свет.
Како што изјави претседателот на Фудбалскиот сојуз на Тајланд, Сомојт Помпанмуанг, помеѓу 12 уапсени, има пет фудбалери и двајца членови на клубовите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Истрагата е во тек за наводно, еден наместен натпревар во јули и три во септември оваа години.
Четири играчи на клубот Нејви и еден од Нако Рачис наводно заработиле околу шест илјади евра за наместените натпревари.
Според зборовите на претседателот на сојузот на Тајланд проблемот со наместени натпревари е долгорочен и тој смета дека е време да се искорени тој проблем.
„Време е да го искорениме местењето на тпревари, тоа е наша болест од која мораме да се излечиме“, изјави Помпанмуанг.
Претставникот на локалната полиција наведе дека сите уапсени лица се задржани во притвор до судењето и дека може да се соочат со пет до десет години затворска казна доколку се прогласат за виновни.