Дома Фудбал Дали се најавува трансфер? „Чaлханоглу сигурно ќе игра за Галатасарај!“

Дали се најавува трансфер? „Чaлханоглу сигурно ќе игра за Галатасарај!“

Фудбалерот на Интер, Хакан Чалханоглу, минатото лето посакуваше трансфер во Галатасарај. Иако имаше иницијатива, трансферот не се реализираше бидејќи Милано не доби соодветна понуда. Во јануарскиот трансфер период, Интер, кој води битка за двојна круна во Италија, одлучи да не го пушти својот важен играч.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Сепак, шампионот на Турција не се откажува од одличниот играч од средината на теренот, порачуваат од клубот.

„Се обидовме и во јануари, но Интер одби“, изјави потпретседателот на Галатасарај, Абдулах Кавукџу, и додаде:

Хакан е икона на турскиот фудбал. Не знам кога тоа ќе се случи, но сигурен сум дека ќе го носи дресот на Галатасарај“, изјави Кавукџу.

Чалханоглу има 32 години и зад себе има 102 натпревари за репрезентацијата на Турција, но досега не настапувал за ниеден клуб од својата земја.

Тој е роден во Германија, а пред Интер има играно за Карлсруе, ХСВ, Бајер Леверкузен и Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Aлајбеговиќ прави трансфер од 25 милиони евра во Италија?

Аталанта е на чекор од потпишување договор со крилниот напаѓач Керим Алјабеговиќ од Баер Л…