Дома Фудбал УЕФА ја објасни одлуката која предизвика бурни реакции на клупата на Јувентус (Видео)

УЕФА ја објасни одлуката која предизвика бурни реакции на клупата на Јувентус (Видео)

Реванш натпреварот меѓу Јувентус и Галатасарај донесе вистинска драма во Торино. Еден детал од второто полувреме целосно го промени текот на натпреварот. По сето тоа, се огласи и УЕФА со јасно објаснување.

По убедливата победа од 5:2 во Истанбул против Јувентус во првиот натпревар од плеј-офот на УЕФА Лигата на шампионите, Галатасарај изгледаше како без поголеми проблеми да чекори кон следната фаза на натпреварувањето.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Сепак, Старата дама приреди вистинска драма на домашен терен во реваншот.

Натпреварот доби сосема различен тек од очекуваниот по првиот натпревар.

Кели се судри во воздушен дуел со Алпер Јилмаз. При слетувањето, според сѐ судејќи, случајно нагази на стапалото на противничкиот играч.

Со оглед на тоа што веќе имаше жолт картон, судијата првично му покажа втора опомена.

Сепак, по интервенцијата на ВАР, португалскиот судија Жоао Пинерео ја промени одлуката.

Наместо втор жолт картон, на Кели му беше доделен директен црвен картон.

Оваа одлука предизвика бурни реакции кај тренерот Лучијано Спалети и играчите на Јувентус.

Негодувањето од клупата беше видливо до самиот крај на натпреварот.

По завршувањето на натпреварот, се огласи и УЕФА: „Играчот на Јувентус со број 6 со копачките направил силен, неправилен контакт со левото стапало на противникот, со што јасно ја загрозил неговата безбедност“, се наведува, меѓу другото, во соопштението на УЕФА.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Поранешен војник е тајното оружје на хит сензацијата во Лигата на шампионите

Европскиот клуб со сензационални резултати, Бодо Глимт, го елиминираше миланскиот Интер од…