
Никола Јокиќ понекогаш изведува потези кои пркосат на законите на физиката, но и на здравиот разум. Така, во победата на Денвер против Бостон (103:84), успеа да направи нешто што навистина ретко се гледа. Постигна шут од невозможна позиција и тоа на самиот почеток на натпреварот.
Јокиќ ја зеде топката, отиде во аголот, кон линијата за три поени и непосредно пред тоа изгледаше дека ќе ја загуби топката. Бејлор Шериман одигра солидна одбрана и изгледаше дека успеал да го одбрани својот кош, времето истекуваше за крај на нападот. А, тогаш Никола покажа зошто е најдобар играч на планетата. Шутираше од свртување, тешко дека можеше да го види кошот и постигна – без грешка! Неверојатно.
Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст
Јокиќ го заврши натпреварот со дабл-дабл учинок, бидејќи покрај 30 поени имаше и 12 асистенции и тоа против екипа која игра одлично во тековната сезона.
.YOU’RE JOKING.
— NBA (@NBA) February 26, 2026
What even is this from Nikola??? pic.twitter.com/AecAuCB95k