Дома Фудбал Никој не го критикуваше Интер како легендарниот Дел Пиеро

Никој не го критикуваше Интер како легендарниот Дел Пиеро

Голема сензација видовме во шеснаесеттина финалето на Лигата на шампионите. Норвешкиот Бодо го елиминираше Интер, а по триумфот во Норвешка со 2:1, Бодо и на реваншот на „Меаца“ славеше со 2:1.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Италија зборува за елиминацијата на Интер, а Бодо/Глимт продолжува да пишува една прекрасна фудбалска бајка.

Навивачите на Интер се огорчени и не можат да им простат на своите миленици за ваквата елиминација.

Вистина е, Интер е лидер во Серија А, чекори кон ново Скудето, но тоа е слаба утеха за навивачите на „Неразурите“.

Се редат коментари по елиминацијата на Интер, а се огласуваат и италијанските фудбалски легенди.

За „Sky Sport“ коментар даде и легендарниот Алесандро Дел Пиеро.

„Важно е да нагласиме дека Бодо одигра извонреден натпревар, нивната тимска работа направи разлика“, рече Дел Пиеро и продолжи:

„Интер направи малку, ваквите натпревари мора да ги одиграте сериозно, а Интер беше под својот просек.“

Дел Пиеро се осврна и на начинот на игра.

„Интер играше досадно. Мора да се многу разочарани, не направија ништо конкретно да ја запрат публиката, да го разбудат стадионот, да добијат тие крила.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Рига победи на роденденот на Вардар во Скопје и си обезбеди предност за реваншот (Видео)

Вардар го загуби првиот натпревар од двомечот со Рига која денеска во Скопје победи со 3-2…