Дома Фудбал УЕФА се плаши од несакани сцени: За Винисиус и Престијани донесена одлука каква што досега не е видена!

УЕФА се плаши од несакани сцени: За Винисиус и Престијани донесена одлука каква што досега не е видена!

Реал Мадрид и Бенфика ќе го одиграат реванш натпреварот од плејофот на Лигата на шампионите во среда, а нема сомнение дека Винисиус Жуниор и Џанлука Престијани повторно ќе бидат во центарот на вниманието. УЕФА е загрижена за тоа што може да се случува на стадионот Сантијаго Бернабеу и донесе јасна одлука во однос на директниот пренос на натпреварот.

Сеуште се зборува за натпреварот меѓу Бенфика и Реал кој се одигра минатиот вторник во Лисабон, но за жал, причината не е фудбалот, туку скандалот кој се случи за време на второто полувреме.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Имено, откако Винисиус Жуниор го постигна голот за 0:1, мечот беше прекинат на неколку минути затоа што Бразилецот одби да игра, тврдеjќи пред судијата дека Џанлука Престијани го навредувал на расистичка основа.

Винисиус и уште неколку играчи на Реал, кои се наоѓале во близина, тврдат дека играчот на Бенфика го нарекол Бразилецот „мајмун“, но проблемот е што тој носел дрес преку устата, со што дополнително се усложни ситуацијата.

УЕФА започна истрага по настаните во Лисабон, но веднаш стана јасно дека ќе биде тешко да се казни Престијани, бидејќи ја покрил устата.

Се очекува нов дуел меѓу овие клубови за два дена во Мадрид, каде ќе затоа бидат познати патниците во осминафиналето, но јасно е дека целото внимание ќе биде насочено кон Винисиус и Престијани.

Навивачите на Реал на Бернабеу нема да му простат на Аргентинецот за тоа што го направи на нивниот играч. Но, од сето тоа стравува и УЕФА.

УЕФА се обидува да обезбеди овој случај да не биде повторно во центарот на вниманието, па донесе одлука што се однесува на средбата помеѓу Винисиус и Престијани.

УЕФА се плаши дека пред почетокот на натпреварот овие двајца фудбалери воопшто нема да се поздрават и пружат рака еден на друг, и таквата слика не сакаат да ја испратат во јавноста од најелитното клупско натпреварување во светот.

Заради тоа, УЕФА издаде јасни инструкции кога Винисиус и Престијани ќе бидат близу еден до друг за време на поздравувањето да не бидат во кадар на ТВ преносот и да кадарот биде на некоја друга сцена.

УЕФА не сака Винисиус и Престијани во никој момент да бидат на ТВ екраните пред почетокот и по натпреварот, и тоа ќе го дозволи само кога е апсолутно потребно за време на играта.

Реал Мадрид утре ќе ја брани предноста стекната во првиот натпревар во Лисабон, кој го добија со 1:0.

Инаку, натпреварот на стадионот Сантијаго Бернабеу започнува во среда во 21 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Репрезентацијата која ја испиша најубавата бајка со пласманот на Светско првенство остана без селектор!

Репрезентацијата на Курасао, којa стана наjубавaтa приказна на претстојното Светско фудбал…