Дома Фудбал Бура во Барселона: Лапорта обвинет за перење пари, клубот се огласи

Бура во Барселона: Лапорта обвинет за перење пари, клубот се огласи

Претседателот на Барселона Жоан Лапорта реагираше на кривичната пријава поднесена против него од еден член на клубот пред Националниот суд, каде што поранешниот лидер е обвинет за наводно перење пари и незаконско наплатување провизии.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Лапорта во интервју за „Радио Каталонија“ ги отфрли сите обвиненија, нарекувајќи ги обид за дискредитација пред изборите за претседател на клубот.

“Сè е апсолутно невистинито. Ова е правосудна и медиумска стратегија со цел да се наштети на моите интереси и на она што го претставувам на изборите”, порача Лапорта.

Според наводите на пријавата, за кои прв известил весникот “Ел Периодико”, наводно постоела мрежа на компании со седишта во Шпанија, Кипар, Дубаи, Хрватска и Естонија, преку кои, како што се тврди, биле исплаќани незаконски провизии во рамките на повеќе зделки реализирани за време на мандатот на Лапорта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Меси изговори неколку тешки зборови во својата кариера и целиот свет занеме!

Лионел Меси во недела повторно ќе излезе на теренот на стадионот „МетЛајф“ во Ист Ратерфор…