Дома Фудбал Италија МИЛАН КУПЕН ОД ПРЕВАРАНТ? Семејството му било в затвор, а во Кина никој не чул за Јонг Ли!

МИЛАН КУПЕН ОД ПРЕВАРАНТ? Семејството му било в затвор, а во Кина никој не чул за Јонг Ли!

Милан ова лето доби нови, кинески сопственици и потроши голема сума за засилувања. Меѓутоа, „росонерите“ имаат очајни резултати и заостануваат 11 бода од местото кое води во Лигата на шампиони.

„Њујорк Тајм“ објави сторија за новиот газда на Милан, Јонг Ли и потврди дека членови на неговото семејство биле во затвор поради измама, но и дека призните за рудниците кои ги поседува се фантомски, односно дека нема таков бизнис.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Угледниот американски весник тврди дека никој од кинеските бизнисмени нема случнато за „Јонг Ли“, ниту со што се занимава неговата компанија.

Се уште не е јасно ни како успеал да позајми огромна сума на пари од престижен фонд како што е „Eliot“, иако овој инвестициски фонд е познат по тоа што соработува само со солидни компании.

„Марка“ денес пишуав дека УЕФА не верува во бизнис планот на Милан и дека можно е „росонерите“ да бидат исфрлени од европските натпреварувања (види ОВДЕ).

Како што пренесува угледниот шпански весник единствен спас за тимот од „Сан Сиро“ е да се квалификува следната сезона во Лигата на шампиони и така да ја среди лошата финансиска ситуација.

Ваквите тврдења ги демантираше генералниот директор Марко Фасоне кој изјави дека Милан има огромен комерцијален потенцијал и дека нема да има никакви драматични последици доколку клубот не се пласира во ЛШ следната сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Во Италија ќе има и трет преоден рок

Во Италија од наредната година би можел да биде воведен и трет преоден рок. Причина за ово…