Дома Фудбал Никогаш не видена тактика за изведување пенал – голманот не мрдна, а топката заврши во мрежата (Видео)

Никогаш не видена тактика за изведување пенал – голманот не мрдна, а топката заврши во мрежата (Видео)

Во последно време фудбалерите низ светот се обидуваат да бидат што покреативни кога станува збор за изведување пенали, но еден играч од Бразил отиде чекор понатаму и презентираше тактика што го изненади голманот целосно.

Натпреварот на бразилската Паулиста помеѓу Португеса и Коринтијанс од синоќа е централна тема во фудбалската јавност поради пеналот за кој сите зборуваат.

Масејо ја постави топката на белата точка, но голманот на Коринтијанс не беше подготвен на тоа што го подготви противникот.

Тој не зема ни залет и веднаш ја удри топката од место и постигна гол. Голманот на гостите не очекуваше такво нешто бидејќи не се помести по ударот на противникот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдињо повторно во копачки на 46 години: Го чека место во првиот тим на Равена!

Бразилската легенда е најавена како стартер за дербито со Форли во Серија Ц. Пријателствот…