Дома Фудбал Премиер лигата од денеска има нов рекордер!

Премиер лигата од денеска има нов рекордер!

Сезоната на англиската Премиер Лига навлезе во последната третина, а притисокот на врвот и дното на табелата расте пред последните 12 кола. Борбата за титулата и опстанокот се интензивира, а оваа сабота носи низа важни натпревари. Три клучни дуели се закажани од 16 часот: Челси го пречекува Барнли, Астон Вила игра против Лидс, а Брентфорд е домаќин на Брајтон.

Денот денес е запишан во историјата на англискиот фудбал бидејќи ветеранoт Џејмс Милнер стана рекордер по бројот на настапи во Премиер Лигата. Со денешниот натпревар против Брентфорд, тој го оствари својот 654-ти настап, со што го надмина досегашниот рекордер, Герет Бери (653).

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Ова е неверојатен успех за 40-годишниот играч кој го направи својот деби во лигата како 16-годишник во дресот на Лидс, пред 24 години. Милнер сè уште е важен играч за Брајтон, а неговата издржливост и професионализам не престануваат да восхитуваат.

Неговиот тренер Фабијан Хурцелер за BBC Sport изјави: „Џејмс Милнер одигра одлично против Вила кога влезе. Тој има огромно искуство. Тој е пример за сите на теренот. Може да комуницира со секого. Тешко е да го опишете со една реченица или збор.

Пример е на терен и надвор од него. Не е чудно што е тука каде што е, затоа што поседува огромна дисциплина. Секојдневно вложува голем напор никогаш не е задоволен. Секогаш турка понатаму и ова е одлична можност за него. Овој ден е одличен за да ни покаже уште еднаш зошто е рекордер по бројот на настапи во Премиер Лигата. Затоа сите се радуваме што ќе го видиме денеска на теренот.“

Милнер во текот на својата кариера во Премиер Лигата настапуваше за шест клубови: Лидс Јунајтед (48 настапи), Њукасл Јунајтед (94), Астон Вила (100), Манчестер Сити (147), Ливерпул (230) и Брајтон, за кој досега има одиграно 35 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кандидатот за претседател на Барселона даде сензационално ветување – вели дека ќе го врати Меси!

Еден од кандидатите за претседател на Барселона, Виктор Фонт, ја претстави својата визија …