
Иако натпреварот помеѓу Бенфика и Реал Мадрид беше одигран во вторник, настаните од таа средба сѐ уште се топ тема во спортскиот свет.
Наместо да се фокусира на одличниот погодок со кој Винисиус Жуниор им донесе победа на Реал со 1:0, беа забележани некои други случувања на теренот.
Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст
По прославувањето на голот од страна на Бразилецот, имаше тензии на теренот, најмногу помеѓу Вини и Престиани.
Винисиус Жуниор на крајот тргна кон судијата и му кажал дека го навредувал на расна основа Аргентинецот.
Судијата накратко ја прекина играта, но тоа не успеа да ги стивне страстите ни во продолжението, ниту пак по завршувањето на натпреварот.
Сега е откриено што всушност се случило и што му кажал Џанлука Престиани на Винисиус на натпреварот кој се одигра во Португалија.
Престиани дал изјава во истрагата на УЕФА за наводното расистичко навредување на Винисиус Жуниор за време на натпреварот меѓу Реал Мадрид и Бенфика.
Европското фудбалско управно тело води истрага за инцидентот што се случи во текот на второто полувреме на стадионот Ещадио да Луж.
Според новинарот на ESPN Бруно Андраде, неговите извори му потврдиле дека Аргентинецот дал изјава во која наведува дека го нарекол Винисиус со анти-геј навреда на шпански, но не му рекол “mono”, што на шпански значи мајмун.
Реал Мадрид ги доставил сите достапни докази до УЕФА како дел од истрагата.
Напаѓачот на Реал Килијан Мбапе јасно изјави дека пет пати го слушнал Престиани како расно го навредува Винисиус.
Тренерот на Реал, Алваро Арбелоа, на прес-конференција во петок го повика Престиани да се соочи со казната.
Членот 14 од дисциплинските прописи на УЕФА кажува дека рамката за казнување за расистички и анти-геејски навреди е иста.
“Секој субјект или лице на кое се применуваат овие прописи, а кој го навредува човечкото достоинство на лице или група лица врз која било основа, вклучувајќи боја на кожа, раса, религија, етничко потекло, пол или сексуална ориентација, се казнува со суспензија од најмалку десет натпревари или одреден временски период, или со каква било друга соодветна санкција”, се наведува во прописите.
Јасно е дека Престиани очигледно го чека сериозна казна за навредите упатени кон Вини.