Дома Фудбал Каземиро може да стане 28-миот фудбалер што играл со Роналдо и Меси

Каземиро може да стане 28-миот фудбалер што играл со Роналдо и Меси

Интер Мајами има сериозен интерес кон играчот за врска на Манчестер Јунајтед Каземиро.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Англискиот клуб и Бразилецот, кој следната недела ќе наполни 34 години, веќе објавија дека по сезоната ќе се разделат. Според „Сан“, тимот од Флорида, каде што игра Лионел Меси, сериозно размислува да го ангажира Каземиро по Светското првенство. Желбата на Дејвид Бекам е Бразилецот да го замени Серхио Бускетс, кој во крајот на минатата година ја заврши својата кариера.

Ако овој трансфер се реализира и поранешниот ас на Реал Мадрид заигра заедно со поранешната ѕвезда на Барселона, Каземиро може да стане 28-миот фудбалер што во својата кариера го имал задоволството да игра во ист тим со Кристијано Роналдо и Лионел Меси.

Порто, Сао Паоло и клубови од Саудиска Арабија исто така се заинтересирани, па не е исклучена можноста Бразилецот повторно да се приклучи на CR7 во Ал-Наср.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер не завршува со Џонс како засилување, сакаат и крило на Арсенал!

Интер има за цел да остане на самото врв на Италија, но и напад на Лигата на шампионите, и…