Дома Останати Кошарка Стеф Кари заврши на втора магнетна резонанца – не се враќа на теренот!

Стеф Кари заврши на втора магнетна резонанца – не се враќа на теренот!

Ѕвездата на Голден Стејт вориорс, Стеф Кари направи втора магнетна резонанца на десното колено која не покажа оштетување на структурата, но се очекува дека двојниот МВП на НБА лигата ќе пропушти уште барем пет натпревари пред да биде повторно прегледан.

Тридесет и седумгодишниот бек последен пат играше на 30 јануари. Му беше дијагностициран пателофеморален болен синдром и контузија на коската, познато како тркачко колено.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Тренерот на „воините“, Стив Кер, рече дека Кари ќе биде на нова проценка за 10 дена.

„Ова е само постојана болка,” рече Кер во четвртокот пред натпреварот со Бостон. „Се надевавме, секако, дека ќе биде подготвен за вечерва по All-Star паузата, но тоа не беше случај. Му треба уште време”.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Страшниот Јокиќ повторно со историска партија му обезбеди 10. победа по ред на Денвер (Видео)

Кошаркарите на Денвер Нагетс постигнаа и десетта последователна победа во НБА лигата, првп…