Дома Останати Тенис Синер: Во пад сум, но тоа не ме загрижува, сакам да го освојам Ролан Гарос“

Синер: Во пад сум, но тоа не ме загрижува, сакам да го освојам Ролан Гарос“

Вториот тенисер во светот Јаник Синер синоќа загуби во четвртфиналето на АТП турнирот од серија 500 во Доха од Чесите Јакуб Меншик со 2:1 во сетови.

На Австралија опен Синер загуби од Новак Ѓоковиќ во полуфиналето, нема да дојде до трофеј ниту во Доха и сезоната за него дефинитивно не започнала како што очекуваше, особено што турнирите се играат на неговата омилена подлога.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„После две фантастични години, сега сум во мал пад, но тоа не е нешто што ме загрижува. Знам како да се извлечам. Знам дека можам да играм подобро, но Јакуб беше одличен и одлично сервираше. Во тенисот секогаш има падови и успеси, така што веќе во Индијан Велс ќе се обидам да ја поправам формата. И претходно сум поминувал низ кризи и секогаш сум знаел како да се вратам“, рече Синер по поразот од Меншик.

Говореше за целите за оваа сезона.

Сакам да го освојам Ролан Гарос. Морам да запамтам дека во последните две години победив на многу натпревари, а изгубив само неколку. Сето ова е нормално во тенисот и се надевам дека сè брзо ќе си дојде на свое место“, заклучи Синер.

Да потсетиме, Италијанецот досега освои четири гренд слем титули, два Австралија опен и по еден Вимблдон и УС опен и јасно е зошто Ролан Гарос му е најголема желба за оваа сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Британец го предупреди Ѓоковиќ!

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ се соочува со можноста неговата одлука да настапув…