
Јонас Валанчиунас, соиграчот на Никола Јокиќ, ќе го запомни поразот на Денвер во Лос Анџелес од Клиперс, 115:114, по драмата во последната секунда и промашениот шут на Џамал Мареј. Но и по судирите со играчите на домашниот тим.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Денвер одигра одлично на гостувањето, имаше предност, но домаќините на крајот „ја извлекоа“ победата. Натпреварот го одбележаа многу прекини, како и голема тензија, особено таа во 2. минута на последната четвртина кога Валанчиунас беше фаулиран. Се случи борба за топка со Јаник Конан Нидерхаузер. А потоа… Бенедикт Матурин изненадно го бутна литванскиот гигант, на кој во тој момент му прекипе.
Селдеше хаос и судир на Валанчиунас со играчите на Клиперс. Судиите исто така интервенираа и го задржаа кошаркарот да не дојде до голема тепачка.
.Се фаќаа Валанчиунас против Јаник, Матурин и Дан
— Master Clutch (@MasterClutch_) February 20, 2026
Се врати НБА и се вратија благословените тепачки
Се тепааааааат pic.twitter.com/cd4HJK2Kud