Дома Фудбал Mурињо се налутил – забранил да се споменува Реал Мадрид во соблекувалната на Бенфика!

Mурињо се налутил – забранил да се споменува Реал Мадрид во соблекувалната на Бенфика!

Жозе Мурињо забрани спомнување на Реал Мадрид во соблекувалната на Бенфика, по натпреварот од Лигата на шампионите кој беше засенет од обвинувања за расизам. УЕФА отвори истрага поради наводите дека играчот на Бенфика, Џанлука Престиани го навредил расистички, Винисиус Жуниор, обвинување кое Престиани го отфрла. Винисиус тврди дека аргентинскиот фудбалер го нарекол “мајмун”, а истото го потврди и неговиот соиграч Килијан Мбапе, пишува Daily Mail.

Престиани (20) изјави дека противникот “погрешно го разбрал она што мисли дека чул”, додека играчот на Реал, Орелиен Чуамени, објави во медиумите дека играчот на Бенфика тврди дека воопшто не упатил хомофобна навреда. Шпанскиот клуб изјави дека во четврток испратиле сите достапни докази до УЕФА, давајќи полна поддршка на својот играч.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Пред возвратниот натпревар што ќе се игра следната недела во Мадрид и кој ќе биде под глобална лупа, Мурињо, за да ги смири тензиите, нареди на своите играчи да се фокусираат исклучиво на претстојниот натпревар со АВС.

Тој јасно даде до знаење дека нема да толерира разговори за мечот со Реал Мадрид ниту за поврзаните прашања, вклучително и контроверзата помеѓу Винициус и Престиани. Престиани сепак нема да игра против АВС бидејќи е суспендиран поради пет те жолти картони.

Бенфика заостанува седум поени зад водечкиот Порто и три зад второпласираниот лути градски ривал Спортинг. Во лигата сè уште немаат пораз, а во последните пет натпревари оствариле четири победи и едно реми. Мурињо беше поставен на тренерската позиција минатиот септември, потпишувајќи двегодишен договор.

И самиот Мурињо се најде во централен фокус по своите коментари по натпреварот кои предизвикаа бурни реакции. Португалецот тврдеше дека прославата на голот на Винисиус придонела за создавање на тензија.

“Требаше да биде неверојатен момент на натпреварот, спектакуларен гол во одличен натпревар… таквите таленти се способни за навистина фантастични работи, но за жал тој не беше среќен само со тоа што постигна таков гол, што го заврши натпреварот. Кога ќе постигнете таков гол, прославувате на пристоен начин”, рече Мурињо..

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал официјално го објави новиот договор на Сака

Арсенал официјално потврди дека Букајо Сака потпишал нов долгорочен договор со клубот. Од …